Лех Валенса банкротираше: „Не можев да купам Божиќни подароци за никого“

од Stefanija Kuzmanovska

Добитникот на Нобеловата награда за мир и поранешен полски претседател Лех Валенса (77), се пожали дека банкротирал велејќи дека не можел да купи Божиќни подароци за никого.

Валенса патуваше многу и заработуваше пари држејќи говори, но пандемијата го смени тоа, изјави тој за полската телевизија Polsatnews.

– Имаше моменти кога имав пари и ги трошев. Сега имам празни џебови – рече тој.

Тој беше претседател на синдикатот Солидарност од 1980 до 1990 година и како лидер на работниците играше клучна улога во падот на комунистичкиот режим во Полска.

Од 1990 до 1995 година беше претседател на државата.

Слични содржини