Лејди Гага собрала околу 35 мил. долари за помош околу коронавирусот

од Vladimir Zorba

Пејачката Лејди Гага (34) не се штедеше кога ја сфати опасноста што му се заканува на светот.

Таа неодамна се приклучи на проектот „One World“ на ОН и иницијативата „заеднодома“ и собра околу 35 милиони долари за донирање за да се спречи пандемијата од коронавирус.

За 11 дена, поточно на 18 април, ќе се емитува специјална програма на дури три телевизиски станици, во кои ќе учествуваат бројни познати личности за да покажат солидарност во тешки времиња.

Концертите ќе бидат организирани од домовите на познати личности, а посебна благодарност оди на медицинскиот персонал кој храбро се бори со непријателот на фронтот.

Покрај Лејди Гага, поддршка ќе и дадат и една од најпознатите млади везди Били Ајлиш, нејзиниот брат Финас, Лизо, Џеј Балвин, Стиви Вондер, Пол Мекартни, Били Цо Амстронг од „Грин деј“, Аланис Морисет, Андреа Бочели, Крис Мартин од групата „Колдплеј“, Еди Ведер од „Перл Џем“, Елтон Џон, Џон Леџенд, Кејси Масгрејвс, Кит Урбан и Ланг Ланг.

Слични содржини