Лек кој сите го имаме дома ефикасно го решава проблемот со кариесот

од Stefanija Kuzmanovska

Според истражување, аспиринот може да излечи кариес без дополнителен третман на забите.

Најобичниот аспирин може да поттикне самостојно санирање на забите, се наведува во истражувањето.

Лекот, кој е достапен за секого, му помага на структурата на забот оштетена од кариесот да започне процес на само-заздравување, според истражувањето на Универзитетот во Белфаст.

– Постои голем потенцијал за промена на пристапот во еден од најголемите стоматолошки предизвици на денешницата – откриваат стоматолозите.

– Резултатите покажаа дека консумирањето аспирин поттикнува само-заздравување на забите. Овој вид на третман не само што може да го продолжи животниот тек на забите, туку може и да поттикне огромна заштеда во стоматологијата – вели д-р Ел Карим.

Истражувањето покажува дека малите дози на апсирин „значително ја зголемуваат“ обновата на минералите кои обезбедуваат јачина и функција на забите. Исто така, аспиринот ги стимулира матичните клетки на забот да ја обноват неговата структура.

Слични содржини