Лекар го прегледал Путин, објавено каков совет добил рускиот лидер

од Stefanija Kuzmanovska

Руски лекар вчера го прегледал претседателот Владимир Путин (71) за време на неговата прва посета на Чукотка, на истокот на земјата. Шефот на одделот на Окружната болница Чукотка, Денис Клос, ја објави проценката за здравјето на Путин и рече дека тоа е „одлично“.

За здравјето на Путин се зборува со години. Во октомври 2023 година, стотици илјади Руси бараа информации на најпопуларниот пребарувач во земјата, Yandex, откако гласините дека Путин доживеал срцев удар станаа насловни страници ширум светот.

„Весел глас, весел од, здрав разум и размислување. Ниту еден политички лидер во светот не му е ни блиску на Путин“, го објави руската државна новинска агенција РИА Новости извештајот за „дијагнозата“ на Клос.

Лекарот, според руските медиуми, го советувал Путин повеќе да се одмора, велејќи дека тоа игра голема улога во долговечноста. Тој го споредил здравјето на Путин со здравјето на претседателот Џо Бајден (81).

„Годините имаат големо влијание врз Бајден. Иако се чини дека води здрав живот и здраво се храни, годините дефинитивно го зеле својот данок“, рекол докторот.

Путин рече дека посветува 2-2,5 часа дневно на спортот.

„Најмалку два часа, понекогаш и малку повеќе, бидејќи тука спаѓа теретана, базен, сето тоа заедно, туширање, отприлика сето тоа ми одзема два и пол часа“, рекол тој и додал дека спортувањето треба да биде дел од секојдневието.

Слични содржини