Лекарите предупредуваат на последиците од мешањето на антибиотици и алкохол

од Stefanija Kuzmanovska

Кога бактериите ќе ве нападнат и лекарите ви препишуваат антибиотици, однапред знаете дека не треба да ги „мешате“ со алкохол.

Мешањето на умерени количини алкохол со антибиотик обично нема да ја намали ефикасноста на антибиотикот, но може да предизвика несакани ефекти и да ја спречи природната способност на телото да се регенерира.

Лекарите предупредуваат на сериозни последици кои можат да произлезат од претходно споменатото мешање. На пример, пиењето алкохол додека телото се бори со инфекција може да доведе до дехидрација, стомачни тегоби, да го наруши вашиот нормален сон и да го намали вашиот имунолошки одговор.

Кога алкохолот и антибиотиците се мешаат, може да се појават несакани ефекти како гадење, повраќање, болки во стомакот, црвенило и оштетување на црниот дроб. Алкохолот исто така може да ја намали ефикасноста на антибиотиците или дури да ја зголеми нивната токсичност, поради што алкохолот и антибиотиците заедно не се добра комбинација.

Затоа, не пијте алкохол додека ја користите терапијата, а потоа најмалку 72 часа по прекинот на земање на лекот, предупредуваат лекарите.

Исто така, постои ризик од несакани ефекти како црвенило, главоболка, гадење и повраќање, како и забрзано чукање на срцето. Често оваа комбинација доведува до поспаност, седација, вртоглавица и конфузија.

Стомачните проблеми како што се гадење, повраќање, дијареа и абдоминална болка, исто така, може да бидат вообичаени со антибиотици. Пиењето алкохол може да ги влоши овие несакани ефекти врз стомакот.

Познато е дека прекумерното консумирање алкохол предизвикува оштетување на црниот дроб, како што е цироза. Земањето антибиотици, кои исто така може да го оштетат црниот дроб, може да ги влоши овие видови на проблеми.

Веднаш повикајте го вашиот лекар ако имате симптоми на оштетување на црниот дроб како што се: треска, болки во зглобовите или оток, невообичаено крварење или модринки, осип на кожата, чешање, губење на апетит, замор, гадење или повраќање, болки во стомакот, темна урина, бледа столица, или пожолтување на кожата или очите. Тоа може да бидат знаци на оштетување на црниот дроб, пренесува Слободна Далмација.

Слични содржини