Леклер: Ми требаше ова

од Vladimir Zorba

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека е среќен што победи на трката за Големата награда на Австрија во Формула 1 и покрај проблемите со гасот.

„Беше навистина добра трка. Имавме темпо. Се борев со Макс на стартот и финишот беше неверојатно тежок. Имав проблеми со гасот, педалот ќе се заглави на 20 или 30 проценти гас при мали брзини и беше многу незгодно. Успеавме да се одржиме до крајот и јас сум многу среќен“, изјави Леклер по трката.

Пилотот од Монако го оствари петтиот триумф во кариерата, а трет во сезоната.

Леклерк ја намали разликата во однос на лидерот Макс Верстапен од Ред Бул на 38 поени во генералниот поредок.

„Дефинитивно ми беше потребна оваа победа. Последните пет трки беа неверојатно тешки за мене и за тимот. Одлично е чувството конечно да покажеме дека имаме темпо и можеме да победиме. Мора да се бориме до крај“, додаде Леклер.

Слични содржини