Леонардо ди Каприо ја објасни суштината на филмот „Don’t Look Up“

од Vladimir Zorba

Леонардо ди Каприо ја објасни суштината на филмот „Don’t Look Up“, и дека не се работи само за информативен хаос, како што многумина толкуваат.

„Кога би требало да го опишам филмот во неговата суштина, би рекол дека е поврзан со модерната култура и нашата неспособност да ги слушнеме и послушаме научните вистини. Во мојата кариера често сум барал филм кој зборува за климатските промени, меѓутоа, како што се случува со вестите на таа тема, така е и со филмовите“, вели Ди Каприо.

Наивниот гледач ќе го доживее филмот како комедија за политичарите, медиумите и јавноста кои ја игнорираат очигледната реалност на комета која ќе го избрише животот од лицето на Земјата.

Други ќе го поврзат со одговорот на уметноста на пандемијата на коронавирус.

„Снимањето ме потсети на тоа како се чувствуваат големите научници кога ќе ги доведат до мејнстрим медиумите да зборуваат за ужасите што се случуваат“, заклучил Ди Каприо.

Слични содржини