Летот на Си Џинпинг кон Москва во живо го следат повеќе од 50.000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Летот на кинескиот претседател Си Џинпинг, кој денеска слетува во Москва во тридневна посета на Русија, ги интересира голем број луѓе.

Како што кинескиот патнички авион Боинг 747-89Л се приближува кон Москва, интересот за летот на Си Џинпинг расте.

Повеќе од 50.456 луѓе моментално го следат летот на Си Џинпинг преку апликацијата Flight Radar.

Инаку, очите на целиот свет се вперени во Москва, каде кинескиот претседател доаѓа во тридневна посета на рускиот колега Владимир Путин, во моментот кога Меѓународниот суд во Хаг издаде налог за негово апсење поради наводното исчезнување на 17.000 украински деца.

Многумина веруваат дека Путин и Си Џинпинг со оваа посета ќе го зајакнат стратешкиот сојуз меѓу двете земји.

Слични содржини