Левица: Македонски народе борбата само што започна

од Nikola Popovski

На 17-ти јули 2022 година, потпишан е протоколот од Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана врз основа на членот 12 од понижувачкиот т.н „договор на пријателство“ меѓу Македонија и Бугарија. Политички, нашиот државен врв прифаќа подредување и политичка доминација на внатрешните работи на Македонија од страна на друга држава, велат од партијата Левица преку соопштение.

-Македонската и југословенската држава, по Втората светска војна припаѓа на оние кои својата слобода ја платиле со лична жртва и покрај загубите, го победиле ѕверството на сојузниците на оската Берлин-Рим. На тие луѓе, бугарските фашистички окупатори сакале да им ја одземат земјата и идентитетот, да им ги убијат најблиските и разделат семејствата.

Сега, материјалните спомени на тие македонски партизани ќе станат предмет на прогон за нео-фашистите од дома – слуги на туѓи дворови. Слободната македонска држава од минатото, која рамо до рамо се постави со победниците од војната, ќе стане злосторничка, а сега – слободоумните Македонци ќе бидат злосторници кога ќе се повикаат на идеите од АСНОМ.

На нашата победа и на АСНОМ им претходи бугарска инвазија, окупација и анексирање на Македонија. Кога бугарските великодржавни апетити со помош на домашните врховисти ќе успеат да ја надминат пречката на АСНОМ – тоа означува регресија во околностите од пред оваа историска разврска. Околности кои се идентични на оние кои се наметнуваат сега. За нивната понатамошна интерпретација можеме да се повикаме на историска рамка која ќе ни ги даде одговорите – за како ќе треба да ја интерпретираме сопствената и старословенската историја со бугарски предзнак, како ќе го дефинираме сопствениот јазик и како ќе се чуствуваме и доживуваме. Македонски народе, нашата борба само што повторно отпочна, стои во партиското соопштение на Левица.

Слични содржини