Левица: Меѓувладината конференција не ги отвора преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski

Ваквата „меѓувладина конференција“ е уште еден преседан на Унијата, потполно непознат за правото на ЕУ и досегашната негова пракса. Со ова, Унијата, не само што, по којзнае кој пат, користејќи двојни аршини во интеграциските односи на Македонија спроведува дискриминаторски однос кон македонскиот народ, но и даваќи поддршка на Бугарија, директно учествува во рехабилитацијата на нео-фашизмот во Македонија, реагираа од Левица на денешниот чин во Брисел.

Според партијата, „ваквите преседани спроведени од ЕУ не само што ја разобличија маската за постоењето на некакви европски вредности, туку погазија и бројни принципи на меѓународното право, како и основните човекови права, кон чие почитување е активно обврзана секоја земја членка“.

-На овој настан во Брисел, се создава лажна претстава за некаков си почеток на преговори со ЕУ, додека вистината е сосема друга – нема почеток на преговорите додека не се промени Уставот на Македонија по барање на Бугарија, појаснуваат од Левица и додаваат:

-Со денешниот чин во Брисел, домашните предавници олицетворени во Владата на СДСМ и ДУИ, уште еднаш ја ставија Македонија во подредена положба на сранска држава, и за тоа, кога тогаш ќе ги стигне правдата, велат од опизициската партија.

Слични содржини