Левица: Отворен противник за воведување една изборна единица е ДУИ и дел од останатите албански партии

од Берта Китинска

Ќе се изготвува нов Изборен законики, во кои учество ќе добијат сите политички партии.Помалите партии се согласни дека за воведување на Една изборна единица потребно е одговорно и конструктивно дејствување на сите политички чинители.

Од Левица во изјава за „Локално“ велат дека предлог-законот што нивните пратеници го имаат поднесено може да се измени амандмански или ако се дојде до решение кое ќе биде слично, тогаш предлогот на оваа партија ќе биде повлечен.

-Сметаме дека најавите за нов Изборен законик од страна на министерот Тупанчевски е уште едно пролонгирање на даденото ветување на СДСМ за една изборна единица, уште во 2016 година. Предлог-законот за измени на Изборниот законик што нашите пратеници го поднесоа може да се измени амандмански или ако се дојде до решение кое ќе биде слично, тогаш нашиот предлог може да биде повлечен и да се земе предвид решението од работната група кое сите ќе го гласаме. Но, потенцираме дека засега не се разгледува опцијата за повлекување на веќе поднесениот предлог-закон, вели Јована Мојсоска – генерален секретар на Левица.

​​Таа посочува дека најголем број од експертите се согласни дека воведување една изборна единица би значело многу поголема демократија и репрезентативност на волјата на граѓаните во Парламентот.

-Отворен противник за воведување една изборна единица е ДУИ и дел од останатите албански партии. Ќе видиме колку ќе стојат на европските начела за кои декларативно се залагаат овие партии, ако веќе се засноваат на демократски принципи и човекови права, истите не би го спречувале процесот на демократизација на изборниот модел, подвлекува Мојсоска.

Претседател на ТДП, др.Бејџан Иљас изразува загриженост дека нивната инизијатива заедно со другите пратеници нема да успее.

-За подготовка на нов Изборен закон од страна на Министерството за правда дознав од медиумите.До овој момент немаме покана за средба или не не имаат консултирани во врска со овој закон.Зошто е важно да се седне при подготвување на нов предлог закон? Демократската Партија на Турците по добиените гласови од локалните избори е најголема партија во коалицијата предводена од СДСМ.Потребата за промена на изборниот модел ја иницираме долго време во Собранието, но како и денеска секогаш политичките партии ова промена ја успоруваат само по новен интерес.Ние дадовме подршка за постоечкиот предлог на група пратеници и повикавме да се излезе од тесно партиските измени но сме загрижени дека и ова иницијатива нема да успее, подвелкува претседател на ТДП.

Тој посочува дека ги очекува предлог промените од страна на министерот Тупанчевски.

-Нема да уцениме со пад на владата но ќе ги користиме нашите демократски права за да ги убедиме засегнатите страни.Промена на изборниот модел е важен чекор за демократијата од повисок ранг и ќе допринесе за подобро рефлексија на волјата на гласачот преточена во мандати.Крајно сериозни сме во нашата намера. За новиот предлог закон на министерот за правда уште е рано да кажам нешто првично да видиме за какви промени се работа и потоа бидете сигурни дека ќе имаме и ние нешто да кажуваме, вели Иљас.

Од СДСМ велат дека го поддржува воведувањето на една изборна единица и дека партијата е првата која оваа заложба за воведување една изборна единица ја има поддржано јавно и програмски.

-Имаме предвид дека измените на Изборниот законик се носат со консензус од сите политички субјекти и низ инклузивна јавна дебата.Гледаме дека различни партии имаат различно видување во врска со изборниот модел, една опозициска партија има еден став, друга друг став.Бидејќи станува збор за структурни измени на изборниот модел, сметаме дека не треба да се врзуваат со лимитирани кратки рокови, особено во период кога како држава се наоѓаме во специфични околности имајќи ги предвид предизвиците со кои се справуваме настанати од енергетската криза, економската состојба како и процесот на евроинтеграции, вели пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Од партијата на Павле Трајанов велат дека ако владејачката партија постапи спротивно од своите заложби, и делува против донесување на измените за 1 ИЕ, што е дел од коалициониот договор, тогаш Демократскиот Сојуз сериозно ќе ја разгледа можноста за напуштање на коалицијата.

-ДС инсистира да продолжи расправата во Собранието за нашиот предлог кој е веќе во парламентарна процедура. Претседателот Џафери треба да закаже пленарна седница откако законот беше разгледан во комисиите на Собранието. Се работи за предлог зад кој застанаа неколку помали политички партии и група пратеници. Не е ниту коректно ниту опортуно Владата да оди со нов текст, кога веќе постоечкиот е во процедура. Не ни е познато што содржи предлогот на министерот Тупанчевски, но нови текстови и иницијативи за предлози на измени на законот само ќе ја одолговлечат работата, вели во разговор за „Локално“, Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа и генерален секретар на Демократскиот сојуз.

Тој посчува дека ако за овој закон има работна група во Министерството за правда за нов текст тоа би одзело многу време, појаснувајќи дека партијата, какви било нови предлози и идеи може да се предочат во амандманската расправа на постоечкиот текст.

-ДС очекува СДСМ, но и ВМРО ДПМНЕ да го поддржат предлогот за 1 ИЕ, зашто и двете партии се изјаснија во полза на таквите измени. Ако СДСМ спротивно на своите заложби, криејќи се зад консензус на сите партии за изборниот модел, сепак делува против донесување на измените за 1 ИЕ, што е дел од коалициониот договор, тогаш ДС сериозно ќе ја разгледа можноста за напуштање на коалицијата. Инаку, Демократскиот сојуз не е за предвремени избори, не особено без промена на изборниот модел, како и стабилизација на енергетската и економската криза предизвикана од војната во Украина.Распишувањето избори, пак, зависи од 61 пратеник во Собранието, вели Димитровски.

Изборниот законик ќе треба да стапи на сила најмалку 6 месеци пред изборите, бидејќи, како што беше соопштено правилата на играта треба да се знаат однапред.

Б.М.

Слични содржини