Лидерска средба: Компромисот на власта со опозицијата за уставните измени се предвремени избори

од Vladimir Zorba

„Средба на големи теми, но со мали резултати“. Вака познавачите на политичките случувања во земјава ја коментираат последната средба на лидерите на парламентарните партии.

Лидерската средба заврши без консензус за уставните измени со кои во Уставот треба да се вклучат Бугарите и некои други заедници, што е и услов за продолжување на преговорите со ЕУ.

Мерсим Максути

Мерсим Максути

– Не се очекуваше на првата средба меѓу лидерите на парламентарните парти да се дојде до какво било решение за надминување на актуелната политичка ситуација. Оваа неизвесност ќе трае и во наредниот период, се додека се намалува времето за одобрување на уставните измени и заедно со ова ќе се зголеми и политичкиот притисок за изнаоѓање компромис меѓу политичките партии. Компромис може да се најде преку договор за организирање предвремени избори, а со ова верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде зелено светло за гласање на уставните измени, изјави за „Локално“ Мерсим Максути – универзитетски професор.

Бесим Небиу

Бесим Небиу

Од друга страна политичкиот аналитичар Бесим Небиу вели дека главна вест од средбата на лидерите на парламентарните партии е тоа што ВМРО ДПМНЕ сепак седна на маса со Владата.

– Главна вест е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ сепак седна на маса со Владата и со тоа на симболично ниво (без разлика на изјавите и реториката) покажа дека е спремна да разговара за европската агенда. Иако изјавите на партискиот лидер се спротивни, се чини дека во партијата постои свест дека отвореното и радикално блокирање на европската агенда, преку избегнување дијалог ќе ја изолира партијата, и не е добра за нејзините изгледи во блиска иднина да застане на чело на една влада која би била подржувам „странците“ и Албанците, изјави Небиу за „Локално“.

Д.Ј.

Слични содржини