Ливерпул одби сместување во Доха поради начинот на кој е изграден хотелот

од Aleksandar Petrovski

Фудбалскиот клуб Ливерпул изненади многумина со одлуката да одбие сместување во хотелот во Доха кој им беше предложен од домаќините на Светското клупско првенство.

„Црвените“ требаше да престојуваат во еден хотел во Доха со пет ѕвездички, но од клубот одбија, а причината е пишувањето на британските медиуми дека хотелот е изграден спротивно на човековите права. Наводно, таа зграда ја изградиле имигранти кои работеле во смени од по 12 часа и тоа на температури и од 45 степени, а заработувале само по 8 фунти на ден.

Ливерпул ќе има напорен декември, освен мечевите од Премиерлигата и куповите, ќе треба и да ја претставува Европа на светското клупско во Катар. Полуфиналето им е закажано за 18 декември.

Слични содржини