Ливерпул официјално потврди: Клоп го продолжи договорот!

од Nikola Popovski

Прво објави „Атлетик“, а потоа и Ливерпул официјално потврди дека нивниот тренер Јирген Клоп ја прифатил понудата на клубот и ја продолжил соработката до 2026 година.

Наводно, останувањето на Клоп отсекогаш бил опција број еден за сопствениците кои сакале тој да биде човекот што ќе се прашува за трансфери, па затоа решиле да го доведат Луис Диаз од Порто во текот на зимата.

Ливерпул се бори за четири трофеи во сезоната, веќе освои еден (Лига куп), а во игра се уште за три. Јирген Клоп создаде моќна машинерија која меле се пред себе, а уште претходно Телеграф и Тајмс објавија дека газдите од Америка веќе му подготвуваат нова понуда. Неговиот актуелен договор е со важност до јуни 2024 година. Клоп дојде на Енфилд есента 2015 година и во последно време вешто избегнува да зборува за продолжување на соработката.

Сепак, британските медиуми пишуваат дека претседателот на „Фанвеј спортс груп“ Мајк Гордон го следел натпреварот со Виљареал и негова главна задача била да го убеди Клоп да остане во клубот што е можно поскоро по 2024 година, во што и успеал.

По потпишувањето на договорот, Клоп изјавил: „Има толку многу зборови што би можел да ги употребам за да опишам како се чувствувам за оваа вест… воодушевен, понизен, благословен, привилегиран и возбуден е само почеток.

„Има толку многу за да се сака ова место. Знаев дека пред да дојдам овде, го запознав уште подобро откако пристигнав и сега го знам тоа повеќе од кога било досега.

Како и секоја здрава врска, таа секогаш мора да биде двонасочна улица; мора да бидете адекватни еден за друг. Чувството дека бевме апсолутно во право еден за друг е она што ме донесе овде на прво место и затоа претходно го продолжив договорот, изјавил Клоп.

Помошниците Пеп Линдерс и Петер Кравиц, исто така, потпишаа нови договори.

Слични содржини