Љубовта нема цена – го бакна Роналдо, а сега доби парична казна

од Симе Стоиков

Фудбалските репрезентации на Словенија и Португалија во вторникот вечерта одиграа пријателски натпревар во Љубљана, а покрај неочекуваната победа на домашната селекција (2:0), натпреварот го одбележа и еден словенечки навивач.

Имено, на крајот од првото полувреме, навивач влета на теренот за, секако, да се слика со првата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо. Човекот ја искористил приликата, па освен што направил селфи, го бакнал и во образ еден од најдобрите светски фудбалери.

Обезбедувањето брзо реагираше и го отстрани навивачот од теренот, па играта продолжи.

Сепак, ова покажување на љубов нема да остане неказнето. Како што пренесуваат словенечките медиуми, влетувњето на теренот и фотографирањето со Роналдо скапо ќе го чини навивачот кој е казнет со 1.000 евра.

Словенецот следниот пат добро ќе размисли дали сака повторно да истрча на теренот и да го бакне Португалецот или кој било друг фудбалер.

Слични содржини