Лондон: Русија нема морално право да биде на самитот на Г-20

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на британското министерство за надворешни работи вечерва изјави дека Русија нема морално право да биде на самитот на Г20 се додека трае нејзината инвазија на Украина.

Самитот на Г-20 ќе се одржи во Индонезија во ноември.

„Ги поздравуваме напорите на Индонезија, која сака на состанокот на Г-20 да се разговара за влијанието на руската војна, како и предлогот Украина да биде претставена на самитот од претседателот Владимир Зеленски“, додаде портпаролот, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини