Лоши вести од Велика Британија: Идентификувана нова варијанта на корона

од Stefanija Kuzmanovska

Јавното здравство на Англија (ПХЕ) објави дека нова варијанта на ковид-19 е идентификувана во Велика Британија кај две лица кои неодамна биле на Антигва.

Новиот вид на вирусот има некои карактеристики на другите варијанти, но засега нема да се категоризира како загрижувачки, објави ПХЕ, пренесе „Ројтерс“.

ПХЕ исто така наведува и дека варијантата позната како VUI-202103/01 (линија Б.1.324.1) беше обележана како варијанта под истрага на 4 март откако беа пронајдени два случаи во југо-истокот на Англија кај лица кои неодамна патувале на Антигва.

Слични содржини