Лошиот здив понекогаш укажува на постоење на ОВИЕ ПЕТ здравствени проблеми

од Stefanija Kuzmanovska

Сите веќе знаеме колку е важна оралната хигиена, како и фактот дека лошата хигиена може да доведе до оштетување, па дури и до губење на забите.

Меѓутоа, лошиот здив може да постои и покрај оралната хигиена и понекогаш укажува на постоење на здравствени проблеми.

‘Рчење

Устата може да се исуши ако ‘рчите за време на спиењето, што ја прави совршен дом за бактериите што предизвикуваат „утрински здив“. Ако имате проблеми со ‘рчењето, обидете се да не спиете на грб, а од лошиот здив може да се ослободите со миење на забите пред спиење.

Болест на непцата

Ако вашиот здив има мирис на метал, можеби акумулирате бактерии на непцата, што може да доведе до воспаление и инфекција. Исто така е добро да се знае дека болеста на непцата може да биде наследна.

Стомачна киселина

Сите знаеме колку е ужасно да лежите во кревет додека ви пречи киселината во желудникот. Покрај тоа што е непријатен феномен, може да предизвика и лош здив.

Дијабетес

Ако страдате од оваа состојба, вашиот здив може да има мирис на овошје, што може да биде сигнал дека вашето тело користи маснотии како „гориво“ наместо шеќер. Ова може да значи дека ви недостасува инсулин, па затоа треба да одите на лекар.

Хеликобактер пилори

Оваа бактерија е поврзана со развој на рак на желудник и чиреви и честопати предизвикува лош здив.

loading...

Слични содржини