Љубителите на тенисот нетрпеливи: Ѓоковиќ оди на турнир со Федерер и Надал?

од Stefanija Kuzmanovska

По Вимблдон, Новак Ѓоковиќ треба да ја соопшти одлуката дали ќе игра на овогодинешното издание на Лејвер купот, кое очигледно никогаш нема да биде поинтересно годинава, бидејќи тоа ќе биде првиот турнир на кој ќе игра Роџер Федерер по повеќе од една година.

Учеството го потврди и Рафаел Надал, како и поранешниот член на таканаречената „голема четворка“, Енди Мари.

Јасно е дека загатката би била комплетна доколку учествува и Новак Ѓоковиќ.

По мечот со Кокинакис, новинарите на конференцијата го прашаа Новак за Лејвер купот, а неговиот одговор сугерираше дека по Вимблдон може да ја соопшти веста што љубителите на тенисот со нетрпение ја очекуваат.

– Не игравте во ова натпреварување откако дебитиравте во 2018 година, оваа година учеството го потврдија Рафа, Роџер, Енди, дали планирате да им се придружите? – беше прашањето на новинарите.

– Постои можност, мојот агент има комуникација со тимот од Лејвер купот и имаме договор дека одлуката ќе биде донесена откако ќе заврши Вимблдон. Лејвер купот е единственото натпреварување каде што можете да ги имате тие големи ривалства, каде играчите од големата тројка или големата четворка доаѓаат во ист тим, тоа е поинакво чувство и за нас и за навивачите. О2 арената е позната за нас играчите, во таа арена игравме финале на АТП повеќе од 10 години, верувам дека ќе има полни трибини, традицијата во Британија за тенис е голема, би било задоволство повторно да играме таму – изјави Ѓоковиќ и донекаде најави дека на турнирот би можел да биде во ист тим со Федерер и Надал.

Лејвер купот оваа година се одржува од 23 до 25 септември во О2 Арената во Лондон.

Слични содржини