Луис: Не можам да губам повеќе поени

од Vladimir Zorba

Луис Хамилтон очекува патеката во Кина повторно да му донесе среќа, откако Британецот веќе заостанува со 17 поени од Себастијан Фетел.

Германецот триумфираше во првите две трки за сезоната, а светскиот шампион брзо се најде во тешка позиција. Но, во Шангај, тој има победено 5 пати и се надева дека повторно ќе има поводи за радост.

„Оваа патека секогаш е добра за мене, па се надевам дека ќе успеам да се вратам таму каде што сакав да бидам во овие две први трки. Претстојат добри работи, но веќе сериозно и не можам да си дозвлам да губам нови поени од Себастијан“, изјави Хамилтон, кој сака подобрување во комуникацијата по проблемите на Марцедес во Бахреин.

„Разликите се минимални, што ја потврдува важноста на комуникацијата и другите мали нешта кои можат да ја направат разликата во даден момент. Ние мора да бидеме на потребното ниво, бидејќи немаме право на нови неуспеси. Нашата стратегија во Бахреин беше одлична, но за да се исполни таа треба сите да знаат што да прават“, додаде тој.

Слични содржини