Белгискиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку беше радосен по победата со 3:2 над Њукасл во осмиот круг на Премиер лигата.

Јунајтед губеше со 0:2, но во последните 20 минути од натпреварот успеа да направат пресврт против противникот и да оттргнат тензиите од менаџерот Жозе Мурињо, за чија промена отворено се шпекулира во медиумите на Островот.

Впечатокот на Лукаку од Мурињо по натпреварот е дека тој бил посмирен, макар и да не зборувал многу во соблекувалната.

„Не мора постојано да се фокусираме на тренерот. Тој ни дава насоки за натпреварот и ако не ги почитуваме, имаме проблеми. Должни сме да играме подобро. Не знам што пишува по медиумите, бидејќи не читам ништо од светското првенство наваму. Го победивме Њукасл, а сега ни претстои пауза во шампионатот. Потоа се доаѓаат нови два натпревари. Се надевам резултатот од вечерва ќе нѝ помогне. Се радувам на победата, но сами си ја предизвикавме оваа тензија без причина. Во второто полувреме ги демонстриравме квалитетите кои ни недостигаа во првото. Секоја шанса на Њукасл беше реализирана во гол. Ни беше тешко, но по паузата поверувавме во себе“, рече Белгиецот.

Слични содржини