Лукашенко: Доколку е потребно, ќе дојде руската армија

од Stefanija Kuzmanovska

Руските војници би можеле да бидат распоредени во Белорусија доколку има закани за сојузот меѓу Русија и Белорусија, изјави претседателот на таа земја, Александар Лукашенко.

Меѓутоа, како што наведува, нема потреба од тој потег.

„Ако е неопходно за безбедноста на Алијансата на Русија и Белорусија, која ја градиме, и ако е неопходно за безбедноста на Белорусија и Русија да ги распоредиме сите вооружени сили со сите видови оружје, тие веднаш ќе бидат распоредени овде“, рече Лукашенко.

„Сега нема потреба од ова и имаме прилично силни, консолидирани и компактни вооружени сили“, ги пренесува белоруската новинска агенција „Белта“ зборовите на Лукашенко.

Слични содржини