Лукашенко предлага разговори меѓу Киев и Москва во Минск

од Milan1

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предложи да се одржат руско-украински преговори во Минск, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извештај на белоруската новинска агенција Белта.

– Можно е, и сосема е реално, да се запре овој конфликт и да се решат сите прашања. Можеби ќе ме послушаат. Не сакаме да бидеме посредници во овие можни разговори во Минск, не ни треба никакво посредување, веќе се занимаваме со оваа војна“ рече Лукашенко на денешниот оперативен состанок со армијата.

Според него, за да се спречи крвопролевање и да се запре ескалацијата, неопходно е да се започнат преговори. Лукашенко нагласи дека Русија никогаш нема да седне на преговарачка маса доколку претходно не се договорат прашањата за кои ќе се разговара.

„Русија ги предложи овие прашања меѓу другите на НАТО, Америка и Украина. Пет или шест прашања. Има две-три прашања поврзани со Украина. Првата е демилитаризација на Украина, спречување на Украина да влезе во НАТО и прекинување на употребата на сила против Доњецк и Луганск. Можно е да се покренат некои други прашања“ изјави Лукашенко, а пренесува „Танјуг“.

Слични содржини