Лукашенко призна: Да не ни помогнеше Господ во 2020 година, ќе имаше нуклеарна војна

од Симе Стоиков

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Господ и помогна на Белорусија во 2020 година, инаку силите на НАТО ќе беа стационирани во републиката со помош на опозицијата.

„Господ ни помогна во 2020 година. Тогаш да не опстоевме, овде ќе имаше војна. Тие (опозицијата) би донеле војници на НАТО овде. Замислете каква е реакцијата на Русија доколку силите на НАТО се најдат во близина на Смоленск.

Тоа би била нуклеарна војна. Издржавме. Со Божја помош. Едноставно Господ не заштити – изјави Лукашенко, а пренесе неговата прес-служба.

Според него, сегашната состојба е уште потешка и поопасна.

„Поопасно е затоа што не можеме да ја видиме. Ни половината не ја гледаме. Дури ни јас што имам повеќе информации. Затоа треба да бидете внимателни. Одиме по тенок мраз. Еден погрешен чекор и долу сме. Никој нема да не спаси – рече белорускиот лидер.

По претседателските избори во Белорусија, одржани на 9 август 2020 година, на кои Александар Лукашенко победи по шести пат, во земјата се одржаа протести на опозицијата, кои за да ги потиснат безбедносните сили меѓу другото употребија специјални средства и специјална опрема.

Слични содржини