Лукашенко: Се закануваат дека ќе не уништат

од Nikola Popovski

„Полска и балтичките држави дека намерно водат деструктивна политика кон Белорусија и се мешаат во внатрешните работи“, изјавил белорускиот претседател Александар Лукашенко, за време на денешниот видео самит на Организацијата за договор за колективна безбедност.

Според него, Белорусија е принудена да се соочи со бесрамни обиди за мешање во внатрешните работи на Белорусија и изјавил дека ова особено се однесува на поттикнувањето на граѓанските протести од страна на странски сили.

„Тие отворено бараат да ја смениме нашата влада, законите и социјалните вредности и се закануваат дека ќе нè уништат со санкции, задушување на економијата и инфраструктурата и поткопување на моралните основи на кои почива белоруското општество“, посочил Лукашенко.

Слични содржини