Љунберг: 100% верувам дека Арсенал ќе се најде во топ 4

од Vladimir Zorba

Фреди Љунгберг верува дека неговиот тим може да се квалификува за топ 4 во Англија оваа сезона. Привремениот ментор ремизираше 2-2 на гостувањето кај Норвич Сити, со што ја продолжи низата од осум одиграни натпревари без победа во Премиер лигата.

„Секако дека верувам дека нашиот тим може да се најде во топ 4 во Англија. Горд сум што одборот ми овозможи да го водам овој прекрасен клуб. Почнавме исклучително добро. Ние доминиравме целосно и создававме шанси. Очекував ова да се случи. Горд сум на моите играчи што се вратија двапати во резултатот, особено на првиот гол“, рече Љунберг на брифингот.

Важен момент во второто полувреме, кога Арсенал го бараше победничкиот гол, беше тоа што 42-годишниот Швеѓанец го избра Букајо Сака пред рекордната аквизицја Никола Пепе.

„Никола е одличен фудбалер и сите гледаме како работи. Го гледам секој ден, а денес донесов одлука“, додаде Љунгберг на темата.

Слични содржини