Љупчо Николовски е нов генерален секретар на СДСМ

од desk4

Ќе работам заедно со новото раководство на СДСМ, со новиот Извршен одбор и потпретседателите кои ќе бидат назначени во следните неколку недели, но ќе го црпиме искуството од досегашните шест потпретседатели, од досегашниот генерален секретар со целокупното искуство, мудрост и трпение коешто сите заеднички го имавме во претходниот период, изјави синоќа Љупчо Николовски, кој се заблагодари на довербата на Централниот одбор да биде избран за нов генерален секретар на СДСМ.

„Пораката од граѓаните е примена и СДСМ донесе, како и во претходниот период храбри, решителни одлуки коишто ќе бидат од интерес на сите граѓани. Ќе работиме пред сѐ на силна контрола за тоа како се реализира нашата програма, програмата на СДСМ и нашите ветувања кои беа дел од нашите кампањи. Заради тоа што работиме силно и посветено како досега и на меѓународен план, за силниот напредок што го направивме во овие две години на чело со претседателот и премиерот, во следниот период доаѓа период во кој навистина и преку инструментите на СДСМ ќе бараме отчетност од сите избрани функционери, ќе бараме отчет од градоначалниците, од локалните самоуправи и точно ќе ја следиме реализацијата на нивната програма, на секој градоначалник, на секој директор, за која мерка, за која политика до каде е самата реализација“, рече Николовски и најави дека деноноќно ќе работи на изградба на еден систем на отчетност и чесност и на одговорност и на посветеност сѐ во функција на реализација на ветувањата.

За поранешниот министер за земјоделство нема никакво сомневање дека СДСМ заедно со коалицијата е сигурен победник на следните парламентарни избори, за победа на  европскиот курс.

Тој најави силни внатрешни реформи, зацврстување на внатрешната организација и нови концепти и модели на функцонирање.

Слични содржини