LVMH купи 50% од брендот шампањ на Џеј Зи

од Берта Китинска

Џеј Зи и LVMH ги здружуваат силите во бизнисот со шампањско, зацврстувајќи го сојузот меѓу светот на хип-хоп и луксузот, пишува The Wall Street Journal.

LVMH, најголемиот светски производител на шампањ, стекнува 50% удел во Armand de Brignac, сопственост на раперот. Марката, една од најмладите, е позната по металните шишиња во вредност од стотици долари. Инвестицијата е насочена кон раст на Armand de Brignac преку дистрибутивната мрежа на LVMH.

Ова доаѓа во тешко време за шампањското генерално: пандемијата ги сопре свадбите и други прослви, на кои често се отвораат шишиња со пенливиот пијалок. Така, во 2020 година, продажбата падна за 20%. Вредноста на зделката не беше објавена.

Партнерството истакнува како европските луксузни брендови се обидуваат да привлечат помлади и разновидни клиенти. Пејачката Ријана и LVMH веќе лансираа заедничка линија за козметика.  Dior, бренд на LVMH, го ангажираше раперот A$AP Rocky за модел. Раперите долго пееја за луксузни брендови како Dior, Louis Vuitton, Dom Pérignon и други. Но, барем до неодамна, индустријата не сакаше да биде поврзана со љубителите на хип-хоп. Токму заради таков случај Џеј Зи инвестира во в.

Од 90-тите години на минатиот век, раперот често го споменува брендот на шампањи Cristal во неговите текстови. Меѓутоа, во 2006 година, кога „The Economics“ праша еден менаџер во компанијата дали брендот страда од поврзаност со рап културата, тој одговори: „Тоа е добро прашање, но што можеме да сториме?“.

Џеј Зи организираше бојкот на брендот и подоцна во текот на годината започна да промовира друга марка: Armand de Brignac. Компанијата го искористи и брзо објави соопштение за јавноста во кое го прослави својот нов сјај. Раперот стана еден од првите инвеститори во Armand de Brignac и во 2014 година ги купи акциите на неговиот партнер Sovereign Brands.

Слични содржини