Мајка го дезинфицираше целиот детски парк за да може нејзината ќерка да си игра (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

И покрај тоа што е важно редовно да ја дезинфицирате областа околу вас, многу луѓе понекогаш претеруваат до тој степен што другите ги осудуваат за тоа.

На TikTok, тетка на едно девојче објави видео кое наиде на бројни критики. На видеото, девојчето и нејзината мајка доаѓаат во детскиот парк во друштво на нивната тетка.

„Таа навистина не си игра кога станува збор за нејзиното бебе“, гласи описот на видеото во кое внуката чека трпеливо да ја држи за рака својата тетка додека мајката прска со средства за дезинфекција на опрема за игра во детскиот парк.

Видеото е прегледано скоро 2 милиони пати, а некои луѓе мислат дека мајката навистина претерала.

„Оние хемикалии што ги прскате се поштетни од бактериите во паркот, само останете дома ако се плашите“, напишал еден корисник.

„Зошто воопшто да одиш во парк ако си толку заштитнички настроена“, гласеше друг коментар.

„Замислете да верувате дека можете да се ослободите од бактериите на отворено игралиште“, коментира третиот.

Имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана.

„Тоа го прави заради безбедноста на детето, не гледам проблем, не повредува никого“, рече четвртото лице.

@katelynmhhh

she really doesn’t play about my niece !! ##covid19 ##mommydaughter

♬ original sound – katelynmhhh

Слични содржини