Мајката на Бритни Спирс се огласи за првпат: „Моите чувства се помешани“

од Stefanija Kuzmanovska

Според пресудата на судот, пејачката и актерка Бритни Спирс сè уште е под грижа на нејзиниот татко Џејми Спирс, кој веќе 13 години одлучува за сè што таа поседува. Нејзината мајка сега зборуваше на оваа тема.

Лин Спирс досега не се огласуваше во медиумите, а сега направи и преседан, и наводно шепотејќи му признала на новинар дека нејзините чувства се помешани.

„Моите чувства се помешани околу сè, не знам што да мислам. Сè е полно со многу болка и грижа“, рече таа, пишува „The New Yorker“.

Според странските медиуми, Бритни наводно повикала полиција ноќта пред да сведочи и пријавила злоупотреба во старателството.

Слични содржини