Македонска државјанка исчезна во Грција, нејзините блиски молат за помош

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи кружи објава за македонска државјанка која исчезнала во Грција. Нејзини блиски на Фејсбук објавиле дека таа пред два дена со автобусот од Агростоли се упатила до Фискардо, каде што требало да пристигне во 10 часот и да се качи на бродот во 11:30 часот за да пристигне во Василики на Лефкада.

„Ве молам за помош, женава вчера на 09.08 е качена во 10 часот на автобус од Агростоли упатена кон Фискардо, каде што требаше да се качи на брод и упати кон Василики каде што таму ја чека и се губи. Ако некој ја забележи секоја информација ми е од помош споделувајте, стои во објавата.

Известени се македонската и грчката полиција.

Семејството на Фејсбук групите каде што се бара сместување и се објавуваат дополнителни информации од Грција, бара помош од сите кои моментално се на одмор кај нашиот јужен сосед.

Слични содржини