Македонски концепт: 0% данок за стартапи за првите 3 години

од Vladimir Zorba

Многу домашни мали компании работат како подизведувачи на големите европски и американски компании, а податоците за приливот на пари во Македонската економија укажуваат дека ИТ секторот е клучен за државата – нудење на ИТ услуги и решенија. Паралелно со тоа, огромен е бројот на професионалци и ИТ експерти што ја напуштаат земјата токму заради професионалните и кариерни предизвици. Овде ги нема затоа што нама стратегија за нивно задржува во државата и искористување на потенцијалите на овој сектор.

“Во кампањата на опцијата Можеме слушнавме дека ќе го укинеле персоналниот данок, токму за ИТ професионалците и тоа оние кои воведоа прогресивен данок за примања повеќе од 1500 евра, па после се предомислија и го одложија неговото извршување, и во контекст на ова би сакал да прашам како граѓанин и кандидат за народен претставник. Дали после тие 36 месеци ќе почне да се извршува прогресивниот данок со истата стапка од 1500 евра? Ова ветување што го дава оваа опција е чиста демагогија и манипулација, едноставно нема смисла, да се воведе прогресивен данок и воедно да се укине персонален данок”, изјави Ивица Мицев, кандидат за пратеник во ИЕ3.

Македонски концепт има визија за задржување на ИТ кадарот во државата и враќање на нашите инженери кои заминаа во развиените, понапредни земји, а тоа ќе го направиме со учење од Полскиот пример.

“Полска успеа со вистински мерки и намалување на придонесите за 50% за ИТ и слични услуги да привлече голем број ИТ гиганти, да овозможи раѓање на домашни стартапи, да ги подржи идеа инкубаторите. Ние од Македонски концепт се залагаме за 0% данок за стартапи за првите 3 години. Со ова ќе ги стимулираме младите да се насочат кон отворање на стартап бизниси и градење на кариера овде во Македонија”, вели Мицев.

Скопје е веќе нефункционален град во смисла на инфраструктура и загадување и потребно е да се прогласи мораториум за градење во градот на 100 години, а притоа урбанистички да се планира и гради „Скопје 2“ со брза железничка и автопатна поврзаност со Скопје и тој град да биде град со фокус на ИТ индустријата и Клинички центар со сектор за бизнис и сектор за домување во хармонија со природата и силен фокус на обновливите извори на енергија.

“Доколку ни дадете можност да бидеме ваши претставници, ние оваа идеја ќе ја направиме проект. Нашите архитекти и градежни инженери имаат скенирано локации во близината на Скопје, а едната од потенцијалните локации е во Општина Илинден и Општина Петровец поради веќе постоечката инфраструктура”, додаде Мицев.

Да изградиме плодна почва за растење на бизнисот на иднината. Гласот за Македонски концепт и број 10 е глас за остварување на оваа програма заедно со граѓаните.

Слични содржини