Во документот се наведува дека почеток на преговорите е можен дури идната година на пролет.

 Макфакс од извори во Брисел дојде до „нон пејпер“ во кој некои земји членки на ЕУ ставаат рампа на почетокот на преговорите на Македонија за влез во Унијата. Забелешките во документот освен за Македонија, се однесуваат и на Албанија.

Според извори на Макфакс, зад негативниот документ не стојат сите земји членки на ЕУ, и документот циркулира меѓу оние кои се против почетокот на преговорите во јуни.

„ За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е “тукушто започната“ и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (“заробена држава“). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, пишува меѓу другото во негативната препорака.

Тие аргументираат дека Унијата мора да стане поцврста пред да стане поголема.

„ Пред следните Европски избори, потребно е да размислиме за една стратешка агенда за новиот период кој ќе започне од Пролетта 2019 и да стане појасно што 27-те земји членки сакаат за новата ЕУ. Во овој контекст, сметаме дека условите за отворање на пристапните преговори со Албанија и ПЈРМ не се исполнети.

повеќе тука

 

Слични содржини