Макрон доби шлаканица по лицето (ВИДЕО)

од Берта Китинска

 

Две лица се уапсени за инцидент во кој непознат маж го удрил францускиот претседател Емануел Макрон по лицето за време на посетата на регионот Дром, во југоисточна Франција, каде имаше средба со неколку студенти во околните ресторани.

На видеото што се појави на социјалните мрежи, Макрон беше виден како шета низ толпата, како и му ја подава раката на човек со маска на лицето за да го поздрави, кој одговори „Долу Макронија“, а потоа го удри во лице , пренесува Ројтерс.

Слични содржини