“Mал ринг” среде Скопје: На местото на „Шпанските скали“ поставено зеленило (ФОТО)

од Берта Китинска

Завршија градежните работи на просторот помеѓу Градскиот трговски центар (ГТЦ) и Порта Македонија кој води кон Плоштад Македонија.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилиегов  пред неколку дена на својот Фејсбук обајви слики на кои напиша дека центарот на градот има нов плочник со нови дрвореди во “малиот ринг”.

Новото зеленило во центарот предизвика реакции на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

-Петре Шилегов е единствениот градоначалник во светот кој наместо од градскиот плоштад да направи простор кој ќе доликува на метропола тој создаде полјана, обвинува со соопштение советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Чудни се естетските критериуми на Шилегов и за скопјани е несреќно долго најавуваното доуредување на плоштадот Македонија кон делот на ГТЦ каде на најфрекфентното место Шилегов вметна зелена трева со што го ограничи просторот на движење на граѓаните онаму каде тоа е потребно. Градот Скопје станува експеримент на фрустрациите, хировите и криминалните експерименти на Шилегов“, се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека ако оправдувањето на, како што го нарекуваат, скандал мајсторот Шилегов е дека посочената парцела е приватна сопственост тогаш тој е градоначалник цели три години и зошто не ја дооформил парцелата и ставил под владение на градот, а дури потоа да врши доуредување на просторот.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини