Малолетен пешак прегазен во Скопје, со тешки повреди завршил на Клиника

од Milan1

„Вчера во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло” патничко возило „опел корса”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(68) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

Слични содржини