Малолетници ги напишале навредливите графити во Гостивар

од Vladimir Zorba

По десет дневна истрага, откриени се сторителите кои напишале неколку графити со заканувачка и навредлива содржина на етничка основа во Гостивар.

Од СВР Тетово информираат дека  Полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле службен разговор со тројца малолетници од Гостивар. Тие, по преземени мерки и активности беа идентификувани дека  на 10.07.2023  на четири станбени згради и трафостаница на улиците „Мара Угринова” и  „Гоце Делчев” во Гостивар испишале неколку графити со заканувачки содржини.

-Во текот на разговорите,  тројцата малолетници го признаа делото, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, наведуваат од СВР Тетово.

Слични содржини