Малолетник сторил 22 кривични дела, 19 од нив се „тешки кражби“

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека вчера во Штип е фатен малолетник, осомничен за 22 кражби во градот, од кои 19 се „тешки“.

„На 10.02.2020, од страна на полициски службеници Штип, во содејство со Центар за социјални работи Штип, а врз основа на Решение од Основен суд Штип, обезбеден е малолетникот М.З.(17) од Штип, сторител на 22 кривични дела од кои 19 „тешка кражба“, велат од полицијата.

Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Штип, малолетникот бил спроведен до Казнено-поправна установа.

Слични содржини