Малтретираното момче од Австралија не е единствениот познат во нивната фамилија

Квејден Бејлс не е единствениот член на австралиското семејство кое ги полнеше насловните страници. Приказната за малтретираното 9-годишно момче скрши срца ширум светот кога минатата недела видото се прошири низ светот. Прифилите на Квејден и неговата мајка исчезнаа од социјалните мрежи, но момчето има постара сестра, активистка за Абориџините.

Неговата сестра Гајала на Инстаграм го поддржала својот брат и ги критикуваше неговите малтретирачи.

„Батали ги малтретирачите и хејтерите. Ти си најкул, најпаметен, најсилен и најсладок дечко кој го знам. Не си сам и сите сме тука за тебе братче мое“, напишала.

Гајала, 20-годишна манекенка, неодамна водеше кампања за окончување на Денот на Австралија, државен празник кој го обележува првото доаѓање на британската флота во Австралија 1788 година. Минатиот месец таа објавила видео во кое повикала да се укине тој ден и обрнала внимание на она што смета дека е поважен проблем.

Гајала и Квејден се дел од семејство активисти. Нивниот дедо Тига Бејлс и прабабата исто ткаа виле активисти за Абориџините кои се бореле за правата на домородците, пренесува New York Post.

Видеото на Квејден, споделено од страна на неговата мајка Јарака Бејлс, привлече внимание ширум светот. Стотици илјадници долари биле упатени на GoFoundMe страницата, со цел семејството да биде испратено во Дизниленд, а поддршка за малото момче дадоа многу познати личности.

Слични содржини