Манастирот „Свети Давид“ на грчкиот остров Евиа, опколен со пламени јазици високи и до 40 метри

од desk4

Ситуацијата е особено опасна во областа Дримонас, каде група монаси не сакаат да го напуштат манастирот „Свети Давид“, иако зградата е опкружена со оган.

„Ситуацијата е многу тешка. Пламенот е висок 30 до 40 метри во борова шума, огнот го опколи манастирот. Се задушуваме од чадот, ова е кошмар“, изјави манастирскиот старешина за државната новинска агенција АНА-МПА.

Грчките власти наложија нова евакуација на жителите во селата во северниот дел на островот Евија, кои се опкружени со големи пожари, а од вчера се повредени тројца пожарникари.

Според најновата наредба, жителите и туристите во Кулурос, Марулија, Ровиес и Палаиохори мора да ги напуштат своите домови како мерка на претпазливост на вториот по големина грчки остров, пренесува „Катимерини“.

Во Грција, која е зафатена од екстремни горештини, денеска беснеат околу 40 пожари. Пожар избувна и во близина на селото Олимпија, но древниот комплекс каде се одржуваа првите Олимписки игри не беше загрозен од пожарот, велат пожарникарите.

Мобилизирани се околу стотина пожарникари, помогнати од три хеликоптери и два противпожарни авиони, за да го локализираат пожарот во областа.

Слични содржини