Манчестер Јунајтед втор полуфиналист во ЛЕ

од Vladimir Zorba

Втор полуфиналист во Лигата на Европа е Манчестер Јунајтед, откако вечерва, по продолженија, го совладаа Копенхаген со 1:0.

Единствениот стрелец на голот беше Бруно Фернандез од пенал во 94-тата минута.

Претходно Интер го елиминираше Баер Леверкузен со 2:1, а екипата на Оле Гунар Солскјер го чека победникот од мечот Вулверхемптон – Севиља во борба за финалето.

Сите натпревари од финалето на Лига Европа се играат во Германија, а финалето е закажано за 21 август во Келн.

Слични содржини