Мареј пред мечот со Ѓоковиќ: Тој е број 1, а јас имам метален кук

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се големи ривали и пријатели, но немаат одиграно натпревар од Доха во 2017 година.

Сега им претстои пресметка во третото коло на Мастерсот во Мадрид, а ќе биде интересно да ги видиме во пресметката на најбавната подлога. Новак во второто коло го победи Гаел Монфис со 6:3, 6:2, додека Мареј го елиминираше Денис Шаповалов со 6:1, 3:6, 6:2.

Ова ќе биде 37. меч меѓу Новак и Енди, Србинот води со 25:11. Последен пат играа на земјена подлога беше во тоа познато финале на Ролан Гарос во 2016 година, кога Новак за прв пат го освои пехарот во Булоњската шума. Интересно е што овој дуел доаѓа во месецот кога и двајцата ќе го прослават својот 35 роденден, а првите мечеви како момчиња ги одиграа на 11 или 12 години.

„Новак е бр.1, а јас имам метален кук. Не знаев дека ќе добијам шанса повторно да одиграм ваков натпревар. Теоретски не би требало да имам никакви шанси на овој натпревар. Сепак, работев напорно, се ставив во одлична позиција и тоа е фантастична можност повторно да играм со него на голем терен и на важно натпреварување“, изјави Мари за Amazon Prime.

Тенисерот од Данблан вели дека работите му одат многу добро.

„Тренирав напорно во изминатите недели, мојата игра е на добро ниво. Моето движење е многу подобро отколку на почетокот на годината и тоа прави голема разлика за мојата игра. Тоа ми овозможува да носам различни одлуки на теренот. Движењето ми ја донесе таа победа против Шаповалов, се одбранив во многу поени. Денис има моќни удари и одбраната беше висока, среќен сум поради тоа“, заклучи Мари.

Слични содржини