Маричиќ: Владата уште од првиот ден работи на случајот со пожарот во Тетово

од Берта Китинска

Во врска со несреќата во тетовската модуларна болница, рече министерот за правда Бојан  Маричиќ во интервју за телевизија Сител, дека Владата многу сериозно ја сфатила работата и уште од првиот ден се работи константно на случајот.

– Истиот ден, како Влада, побаравме помош од најреномираниот германски институт за криминална полиција во Визбаден, кој има 60-годишно реноме, 7.000 вработени, годишен буџет од 800 милиони евра. Се обративме на најдобрите да ни помогнат во една ситуација, која е несекојдневна. Не се случува секој ден да има експлозија во болница и да има толку жртви. Ние длабоко жалиме како Влада и сакаме да се расчисти секоја околност до крај и јасно да се утврди одговорноста, нагласи министерот, додавајќи дека не е добро од ваква несреќа да се извлекува политички поени, кажа Маричиќ.

Слични содржини