Министерот за правда, Бојан Маричиќ во врска со упатената закана од страна на БЕСА смета дека низ разговор ќе може да се решат дилемите.

„Мислам дека низ разговори и состаноци ќе ги разрешиме сите тие дилеми. ДИК донела одлука и тоа не е само за Желино, така што ќе видиме. Не би требало да има тоа политички импликации“, вели Маричиќ.

Министер за земјоделство, Аријанит Хоџа од БЕСА, вели  дека оваа партија може да излезе од мнозинството и да ја урне владата.

Хоџа пораката ја упати синоќа откако Државната изборна комисија (ДИК) прифати приговор на ДУИ и одлучи да се прегласува на едно избирачко место во Желино – општината во која кандидатот на Беса победи пред ривалот од ДУИ со само 69 гласа разлика, а сега може да дојде до прегласување.

Слични содржини