Мариупол нема струја, вода и гас, но има преносливи телевизори со руска пропаганда (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко денеска на Твитер сподели детали за моменталната ситуација во Мариупол: Пристанишниот град на југот на Украина нема вода, струја или гас, но има камиони со огромни екрани што на кои се емитуваат руските медиуми.

„Градот моментално е без струја, вода и гас. Илјадници тела се уште се под урнатините на урнати згради. Но, преносливи телевизори со пропаганда се прв приоритет на Русија“, напиша Герашченко во објавата на Твитер, која ја сподели со видео.

Инаку, руското Министерство за одбрана на 20 мај објави дека челичарницата Азовстал, последната линија на одбраната на украинските сили во Мариупол, е „целосно ослободена“.

Мариупол е сцена на некои од најтешките борби од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари.

Слични содржини