Марсело повторно тренира со Реал, има шанса да игра против ПСЖ

од Vladimir Zorba

Марсело ги обнови тренинзите со Реал Мадрид, што е добар знак дека ќе биде опоравен до реваншот од 1/8-финалето во Лигата на Шампионите против ПСЖ. Дуелот е на 6 март (вторник) во 20:45 часот.

Бразилецот можеби ќе биде подготвен за натпреварот со Гетафе и ќе запише неколку минути пред големата борба со парижаните, вели „Марка“. Тони Крос и Лука Модриќ се уште закрепнуваат од повредите, но надежта на Зинедин Зидан е барем Модриќ да се врати за реваншот во Париз.

Марсело се повреди за време на посетата кај Бетис и играше 30 минути на натпреварот. Тој го истегна задниот дел на бутот. Неговата повреда дојде во време кога неговата форма беше драматично подобрена и тој го го постигна и третиот гол против ПСЖ.

Слични содржини