Маск собра 200 милијарди долари и повторно е најбогатиот човек во светот

од Vladimir Zorba

Елон Маск стана третата личност во светот која некогаш поседувала повеќе од 200 милијарди долари. Ова се случи на почетокот на неделата откако пораснаа акциите на компанијата за електрични автомобили „Тесла“. Покрај тоа, Маск повторно го презеде престолот на најбогатиот човек во светот според рангирањето на „Форбс“.

За првпат, основачот на „Амазон“ и „вселенскиот ривал“ на Маск, Џеф Безос, достигна богатство од 200 милијарди долари во август 2020 година. Неговиот пример го следеше магнатот Бернард Арно, но за кратко минатиот месец.

Акциите на компанијата за електрични автомобили „Тесла“ го продолжија четиримесечното рели, затворајќи вчера прицена од повеќе од 791 американски долари, што е највисоко ниво од февруари оваа година. Маск заработи 3,8 милијарди долари во понеделникот, а неговото богатство вредеше 203,4 милијарди долари на затворањето на пазарите.

Го надмина Безос, чие богатство се намали за 1 милијарда долари истиот ден (на 197,7 милијарди долари) поради падот на акциите на „Амазон“ од 0,6 проценти.

Ексцентричниот Маск сега е уште побогат отколку што беше во најдобрите денови на „Тесла“ – во јануари. Тогаш за кратко време за првпат стана најбогатиот човек на светот, кога неговиот удел во Тесла се зголеми на околу 53 милијарди долари. Маск поседува повеќе од една петтина од Тесла.

Како што е познато, состојбата на Маск е силно поврзана со неговата сопственост во „Тесла“ и „СпејсЕкс“. Вселенската компанија беше проценета на 74 милијарди долари по круг на финансирање во февруари.

Слични содржини