Маск: Управувањето со Твитер е турбулентно, ќе го продадам ако наиде вистински купувач

од Stefanija Kuzmanovska

Сопственикот на „Твитер“, Елон Маск, изјави дека управувањето со оваа социјална мрежа е „прилично болно“ и „турбулентно“ и дека ќе ја продаде компанијата доколку наиде вистинска личност, пренесува Би-Би-Си.

Маск, кој сè уште е на чело на производителот на автомобили „Тесла“ и ракетната компанија SpaceX, го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари во октомври, а неговото лично богатство се проценува на речиси 190 милијарди долари, што го прави вториот најбогат човек, според листата на милијардери на „Форбс“ во светот.

Денеска во интервју за Би-Би-Си, кое привлече повеќе од три милиони следбеници, на прашањето дали се кае што го купил „Твитер“, тој рече дека „нивото на болка е исклучително високо, а тоа не е некаква забава“.

Зборувајќи за неговото време на чело на „Твитер“ досега, Маск рече: „Не беше досадно. Беше прилично возбудливо“.

Тој додаде дека станува збор за „навистина стресна ситуација во последните неколку месеци“, но нагласи дека се уште верува дека купувањето на компанијата е вистинската работа.

Маск најави дека поради обемот на работа „понекогаш спие во канцеларија“, и дека има свое место на каучот во библиотеката „во која никој не оди“.

Слични содржини