Масовниот убиец – изолиран и депресивен нарцис

од desk3

Класификација на најкрвавите масовни убиства во светот

Луд закла жена и рани 5-има лица во Лондон во средата и луѓето се прашуваат дали човештвото не паѓа во пекол. Неодамна често си го поставувавме ова прашање по крвопролевање во Орландо, Флорида, каде во јуни масовен убиец постави рекорд ,откако застрела во геј клуб 49 и рани над 50 лица. А во Јапонија во јули психички болен закла 19 пациенти во Клиника – најкрвавиот масакр во земјата од Втората светска војна наваму.

Image_5693702_126
Во Америка неразумните напади се секојдневие, но таму ја обвинуваме слободната продажба на оружје. Проблемот е дека и Европа се крева во рангирањето – Тунижанец наркозависник, кој уби со камион 85 лица во Ница, го опишаа како терорист, но според неговите најблиски бил ментално болен и со гневни испади.

Во Германија уште размислуваат како депресивниот Сириец, кој експлодираше неодамна бар во Ансбах, како се здобил со експлозив. А стрелец од трговскиот центар во Минхен, убил 9-мина и рани 27 лица со незаконски пиштол, читајќи ја книгата ” Амок во мојата глава – зошто ученици убиваат”.
Зборот амок доаѓа од малајскиот јазик и значи жесток, бесен. Луѓе во таква состојба пројавуваат слепа агресија и тотална склоност кон насилство, можат да убиваат масовно без јасна причина. Дејствуваат за одмазда, слава или едноставно “бидејќи сакаат”. Обично напаѓаат сами. Изливот им е ненадеен, но се полни долго. Многу од напаѓачите се подготват внимателно, ја режираат во детали ситуацијата и очекуваат да бидат убиени.
На конгресот на Американската асоцијација за психологија оваа недела научници направија портрет на масовниот убиец. За него е карактеристична комбинацијата од три клучни услови – социјална изолација, депресивни состојби и патолошки нарцизам. Најчесто произлегува дека манијакалната личносто е белев, хетеросексуален маж меѓу 30 и 50 години.

Тој се смета за жртва на неправда, убеден е дека бил измамен, и така е лишен од достојна положба во општеството. Предходно незабележлив, но по попеколното дело масовниот убиец добива голема популарност во денешната информациска ера.
Одлучувачките фактори можат да бидат невработеност, стрес, лутина, омраза или измислен манијачки мотив. Таков беше случајот во јули 2011 година со “борец против исламот и имиграцијата”, Норвежанецот Андерс Брејвик, кој уби 77 свои сонародници – сите од нордиски тип. 32-годишниот програмер прво детонираше бомба пред премиерството во Осло, уби 8 и рани над 200 лица. Потоа се префрли на островот Јутеја и уби 69 адолесценти во младински камп, поставувајќи рекорд за масовно убиство во мирно време.
Тој се прогласи за витез, кој војува со “културата на марксизмот и инвазијата на исламот во Европа”. Брејвик не собра храброст да се самоубие, потпирајќи се на милостивите скандинавски закони. Излезе во право – иако прогласен за непресметлив, тој доби само 21-годишна затворска казна и денес зад решетки ги пречекува медиумите насмеан и со нацистички поздрав. Тој дури успеа да и досуди на државата за нехумано однесување во затворот.
Многу се жртвите и на Кај Бум Најт – јужнокорејскиот Рамбо, кој застрелал 57 лица во април 1982 година, дивеејќи низ неколку градови. Историјата со 27-годишниот полицаец започнува смешно – неговата девојка го буди со убивање мува на градите, и тој оди на дежурство. По работа се опива, претепува дечко, зема од полицијата експлозив, оружје и муниција и започнува смртоносна прошетка. Прво пука по неколку лица во пошта. Потоа заминува низ други населби и освен 57-те убиени, ранува 35 лица, пред да се разнесе со граната. Според неговата девојка кон агресија го навело патолошкото чувство на помала вредност. Тој го држи крвавиот рекорд на Јужна Кореја.
Во април 2007 година студентот Чо Сјунху ја фаќа девојката со љубовник и ги пука, а потоа убива 32 лица во Хостелите на Техничкиот универзитет во Блексбрг, Вирџинија, и се самоубива. Повредени се десетици. Денови по пукањето ТВ NBC добива пакет од Чо, во кој на видео тој незадоволен од богатите, разгалени луѓе, се жали дека е малтретиран.
Во декември 2012 година психопатот Адам Ланза од Конектикат пукаат во лицето на мајка си , а потоа оди во училиштето, каде што предава, и убива 20 деца и 6 наставници. Истрелува 155 куршуми пред да се самоубие. Не остава порака или објаснување за своите постапки, но сведоци тврдат дека како дете бил малтретиран од соучениците.
На 16 октомври 1991 година 35-годишниот Џорџ Хенард влета со пикап во преполн ресторан во Килијн, Тексас. Убива 23 лица, пред да се самоубие. 27 се повредени. Според поранешен цимер убиецот мразел црнци, латиноси и хомосексуалци. Жените пак ги нарекувал змии.
Во јули 1984 година Џејмс Хјуберти од Сан Диего, Калифорнија, се жали на својата жена дека му е лошо психички, и ѕвони во Клиниката за преглед. Оттаму одлучуваат дека не е итно, и ветуваат дела ќе му се јават. Ден подоцна, лути од чекањето, тој објавува дека “општеството ќе плати”, влегува во ресторан на “Мекдоналдс” и ладнокрвно пука во 21 лица, меѓу кои деца и една бремена жена, пред полицијата да го убие.
Сопругата го тужи “Мекдоналдс”, чија храна според неа го доведла нејзиниот маж до лудило.

Во март 1996 година 44-годишниот Томас Ват Хамилтон упадна во училишна спортска сала во шкотскиот град Днблејн, за 4 минути пука во 16 деца и учителот и се самоубива. Меѓу преживеаните ученици се тенисерот Енди Мареј и неговиот брат Џејми. Осаменоиот стрелец, поранешен инструктор на бојскаути, бил обвинет за педофилија и отпуштен. Се тврди дека дејствувал за одмазда.
Во април 1996 година, инспириран од медиумското внимание кон Хамилтон, 29-годишниот Мартин Брајант уби 35 туристи во одморалиштето Порт Артур во Тасманија – најкрвавото масовно убиство во Австралија. Во моментов лежи со 35 доживотни казни, а земјата воведе ограничувања за оружје.
Во април 1999 година двајцата вооружени до заби средношколци Дилан Клеболд и Ерик Харис убиваат 12 ученици и наставник во Литлтаун, Колорадо. Потоа си пукаат во главата.

Ова е типичен случај на описот од лекарите “училишен амок”. Убијците со маички со натпис “Гнев” биле малтретирани од атлетски соученици , а 1 година го планирале нападот. Бомбите кои ги носеле, не експлодирале, инаку во гимназијата “Колумбајн” требало да има 500 трупа.
Во јули 2012 година, разочаран од животот и кариерата, 24-годишниот Џејмс Холмс уби 12 и рани 70 луѓе во кино во Аурора, Колорадо. Едвај куртули од смртната пресуда и сега лежи доживотно. Тој влета во салата на премиерата на “Бетмен” во заштитна облека, гас маска и борбена пушка со намера да ги убие сите 400 гледачи. Внимателно го планирал нападот, складирал оружје и истражувал кое кино собира најмногу луѓе.
На 1 август 1966 година поранешниот маринец Чарлс Џозеф Витман ги убива мајката и сопруга, а потоа пука уште во 16 и ранува 30 лица во Универзитетот во Тексас во Остин. Го ликвидира полицаец. Аутопсијата откри дека имал тумор на мозокот.
Во јуни 2015 година 23-годишниот студент Сејфедин Резги уби 38 лица и рани десетици во Туниското одморалиште Сус, пред да го ликвидираат. Тој беше прогласен за исламски терорист, но при нападот бил непредвидлив, а на Фејсбук напиша: “Нека Бог ме прибере од овој неправеден свет. Нека Бог направи така што да загинат луѓето, да направи така што тие да страдаат. Бидејќи овие луѓе се сеќаваат на Бог само кога умираат.
“Неодамна болни убијци почнаа на себе лепат исламистички етикета и автентичните џихадисти погодно имаат корист од тоа. Дали разстрелуваат соученици, колеги или автомеханичар, незадоволен од поправката на неговиот автомобил, масовниот убиец често бара едно – слава и медиумско внимание.

Научниците открија дека феноменот е карактеристичен во 30% од случаите кога напаѓачот дејствува, инспириран од претходните инциденти. Обично тој страда од различни видови аутизам или психопатија. Во ретки случаи може да има тешка черепно-мозочна повреда во детството. Да биде запрен, е исклучително тешко, бидејќи напаѓа необјасниво, неочекувано и брзо. Искористува од безбројните прирачници за убиства на интернет и лесниот пристап до оружје.

Заштитно средство може да биде прелиминарните информации, но властите не нив не обрнуваат доволно внимание, бидејќи е невозможно да ги контролираат сите луди, или небрежни. Така беше со пилотот шизофреник на “Џерман вингс” Андреас Лубиц, кој во март 2015 година урна авион со 150 лица во Алпите. Тој беше добро познат на психијатрите и покрај тоа – пуштен да лета.

Слични содржини