Матуиди: За Роналдо ќе биде одлично, дека ќе ја дели соблекувалната со светски шампион

од desk2

Играчот од средниот ред на Јувентус, Белјз Матуиди е позитивно настроен во однос на доаѓањето во клубот на Кристијано Роналдо и повторно успеа да го покаже своето чувство за хумор.

„Кристијано е најдобриот играч на планетата и чувството дека тој ќе биде со нас сега е одлично. Но така е и за него, бидејќи ќе ја дели соблекувалната со светски првак!“, изјави Матуиди, мислејќи на себе, откако беше дел од шампионскиот состав на Франција на Мундијалот.

„Пред две години Роналдо успеа да ме победи во финалето на Европското првенство во Париз, но вистината е дека Светското првенство е нешто повеќе од Европското“, додаде тој пред „Газета дело Спорт“

„Трансферот на CR7 е големо изненадување, но јас сум среќен со клубот. За да привлечеме фудбалер како него … ние веќе го имаме најдоброто“, рече Матуиди.

Французинот откри дека веднаш по триумфот во Москва почнал да добива честитки од своите соиграчи од Јуве, но првиот бил Марио Манџукиќ на теренот.

„Потоа се свртев кон Марко Пјаца. Им реков дека Хрватска одигра одличен натпревар. Очигледно, Марио беше многу тажен. Има само еден начин да го утеши: да го освојам финалето заедно со него, а не против него“, заклучи Матуиди.

Слични содржини